Во присуство на Јожев Бенце – Амбасадор на Унгарија во Република Македонија, Неждет Мустафа – Министер без ресор во Владата на Република Македонија, Ратко Димитровски – Градоначалник на Општина Кочани, и голем број љубители на уметноста, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ беше отворена изложбата „Патот во логорите на смртта“.

Изложбата е дел од поголемата колекција на фотографии поставена во „Центарот за образование, историја, култура и Холокауст на Ромите“ во Будимпешта (Унгарија).

На фотографиите е претставена трагичната судбина на Холокаустот на Ромите во Унгарија за време на Втората светска војна, кои после Евреите, во најголем број биле депортирани во логорите на смртта на фашистичка Германија.

Организатори на изложбата се Кабинетот на Министерот без ресор Неждет Мустафа и Амбасадата на Унгарија во соработка со Општина Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“.

Граѓаните на Кочани изложбата ќе можат да ја посетат во следните два дена.

С. Ивановски

DSCN4671

DSCN4674

DSCN4686

DSCN4741

DSCN4740

DSCN4720

DSCN4721

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари