Вечерва во „Брвнарата“ на „Пониква“ во присуство на голем број на гости, меѓу кои и градоначалниците на Кочани и Пробиштип беше промовирана скијачката дисциплина „Телемрак“.

Се работи за проект кој втора година се промовира низ ски-центрите во Македонија.

Ако минатата година беа опфатени „Маврово“ и „Попова Шапка“ организаторите годинава се решија да ги посетат „Маврово“, „Крушево“, „Пелистер“ и „Пониква“.

Вечерва пред присутните беше промовиран начинот на скијање на оваа дисциплина, а беа претставени и специјалните кондури за скијање со подвижна пета.

За вториот ден беше планиран „Телемаркот“ да се покаже на терен, но немањето на снег во моментот на „Пониква“ го остави практичниот дел за некоја нова пригода.

Програмата ја спроведуваат во дело Илина Арсова од „Телемарк Македонија“ со своите гости од Италија и Франција.

Благој Манев – Шкрапа во чест на своите гости приреди пригоден коктел проследен со музика која им ги разгали срцата на сите присутни на презентацијата.

С. Ивановски

DSCN4778

DSCN4751

DSCN4780

DSCN4784

DSCN4810

DSCN4760

DSCN4746

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари