По повод одбележувањето на Словенечкиот културен празник „Прешернов ден“, во Петок (18.Февруари) со почеток во 11:00 часот во организација на „Словенечкиот Центар“ – Скопје, во ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани ќе биде приредена интересна културно-забавна програма.

Со цел да се доближи словенечката култура и до Македонците кои не живеат во Скопје, „Словенечкиот Центар“ – Скопје во соработка со ОУ „Малина Поиванова“ и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија потпомогнати од „Бирото за Словенците зад граница и по светот“ ќе го организираат овој културен настан.

На настанот ќе земаат учество ученици од „Дополнителната настава“ по Словенечки јазик која во Република Македонија се организира веќе 17 години од страна на „Министерството за образование, наука и спорт“ и „Заводот за школство“ на Република Словенија, како и ученици од ОУ „Малина Попиванова“.

Ќе се чита поезија од Прешерн на Словенечки и на Македонски јазик, а во рамките на настанот ќе биде претставена поетската збирка „Божилак на исконот“ од младиот поет Филип Димкоски. За музичкиот дел ќе биде задолжен хорот при ОУ „Малина Попиванова“.

Пред присутните гости свое обраќање ќе имаат: Ивица Цимбаљевиќ – Директор на ОУ „Малина Попиванова“. Ратко Димитровски – Градоначалник на Општина Кочани, Сашо Стојковски – Претседател на „Словенеќкиот Центар“ – Скопје, Олга Равњак Станковиќ – Заменик Претседател на „Словенечкиот  Центар“ – Скопје и Мира Лесјак – економски советник при Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

Инаку „Прешернов ден“ се слави секоја година во Словенија во месец февруари кој е месец на културата и истиот е проследен со голем број културно-уметнички настани во чест на најистакнатиот Словенечки поет Франце Прешерн кој починал на 08.Февруари 1849 година.

Настанот во Кочани е од отворен карактер и на истиот ќе можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари