„OSOGOVO ADVENTURE“ ПО ПЕТТИ ПАТ

јули 18, 2022
1 минути

Во организација на МТБ „Исток“ и Спорт клуб „Електрика“ од Кочани, а подржано од Општина Кочани и неколку локални компании во текот на вчерашниот ден (Недела) на „Осоговските планини“ по петти пат се одржа сега веќе традиционалниот „Osogovo Adventure 2022“.

На настанот зедоа учество околу 120 учесници од речиси сите градови во Македонија а пред самиот старт истите ги поздрави Градоначалникот на Општина кочани Љупчо Папазов.

Учесниците стартуваа во 09:00 часот од пред „Осоговски конак“ на „Пониква“, а патеката во должина од 36 километри и елевација од 950 метри беше до „Царев врв“ (2085 метри) и назад.

Убавите временски услови беа вистинската мамка за сите учесници да одговорат на предизвикот, излачување до „Царев врв“ и да ги запознаат дел од убавините на „Осоговските планини“ од каде по враќањето назад продолжија со дружењето.

С.  Ивановски