Во салата за состаноци на Локалната Самоуправа – Кочани, денес се одржа првиот работен состанок на Управниот Одбор за спроведување на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води“ во Кочани.

Како што сме информирани на средбата се разгледувале активностите што ќе произлезат во почетната фаза. На задоволство на претставникот на Швајцарската Амбасада во Република Македонија Франк Видеркер на состанокот биле расчистени сите работи кои се многу важни за започнување и реализација на проектот.

Инаку, за реализација на овој проект финансиската помош е обезбедена од Владата на Швајцарија во висина од 21.000.000 швајцарски франци и 2.000.000 Евра од Буџетот на Република Македонија.

Крајниот рок за изградба на пречистителната станица е последниот месец во 2018 година.

С. Ивановски

DSCN4904

DSCN4886

DSCN4888

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари