Проследен со клутурно-забавна програма и читање на поезија, денес во салата на ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани се одржа „Прешернов ден“.

Во присуство на голем број на граѓани, љубители на поезијата, ученици и вработени од училиштето по интонирањето на химните на Република Словенија и Република Македонија, најпрвин гостите ги поздравија Ивица Цимбаљевиќ – Директор на ОУ „Малина Попиванова“ и Ратко Димитровски – Градоначалник на Општина Кочани.

Од името на гостите од „Словенечки центар“ од Скопје, како и од Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, домаќините ги поздрави а воедно им се заблагодари на организацијата, Мира Лесјак – Заменик Амбасадор на Република Словенија.

За постоењето и работата на „Словенечки центар“ од Скопје присутните ги запознаа Сашо Стојковски – Претседател и Олга Равњак Станковиќ – потпретседател на „Словенечки центар“.

Член на „Словенечки центар“ на Словенечки и на Македонски јазик го претстави животниот пат на најистакнатиот словенечки поет Франце Прешерн во чија чест и се одржува овој „Прешернов ден“ кој е во склоп на прославата „Месец на културата“ што се прославува во месец Февруари.

На средбата воедно беше промовирана поетската збирка „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски.

С. Ивановски

2

3

4

5

6

7

8

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари