Во организација на Сојузот на училишни спортови – Кочани денес на програмата беа Општинските натпревари во кошарка за девојчиња.

Од вкупно петте основни училишта во општината само две пријавија екипи.

Во единствениот одигран натпревар девојчињата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ беа подобри од екипата на ОУ „Малина Попиванова“ и победија со 36:14.

Со оваа победа ОУ „Св. Кирил и Методиј“ се избори за учество на „Регионалните натпревари“ кои на програмата се во Четврток (25.02.2015).

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари