Иван Јанев кој ги брани боите на „Бучим“ од Радовиш го освои второто место на Државното Изборно првенство во борење за борачи до 23 години кое во организација на Федерацијата на боречки спортови на Македонија денес се одржа во Радовиш.

Јанев во категоријата до 61 килограм загуби од борачот на „Лирија“ Раиф Камбери со резултат 3:6.

Ова изборно првенство ги одреди репрезентативците кои ќе ги бранат боите на Македонија на Европското Првенство до 23 години.

Инаку ова е втор пораз на Јанев од истиот противник во изминатите две седмици. Јанев иако водеше со 4:2 на крајот беше поразен 6:7 на Државното Изборно првенство за сениори кое исто така минатиот викенд се одржа во Радовиш.

„Разочаран сум повеќе од денешниот пораз отколку од оној пред една седмица во сениорска конкуренција. Од Камбери загубив два пати и тоа во финалето. Разочараноста ми е уште поголема кога ќе се сетам дека истиот противник на ланското Државно првенство го совладав со 8:2 и туш позиција. Но ќе се трудам да извлечам некои поуки и се надевам дека во иднина истите грешки нема да ги повторам“ рече Јанев во телефонскиот разговор.

Веќе следниот викенд Јанев ќе учествува на меѓународниот турнир во Софија каде ќе се обиде да ја фати последната шанса за одење на Европското Првенство до 23 години.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари