Иако до почетокот на првенството останува уште една седмица, играчите на „Осогово“ покажаа дека неспремни ќе ја започнат борбата за бодови. И на последниот натпревар како дел од подготовките кочанскиот третолигаш загуби, овој пат беше поразен на домашен терен од мошне добрата екипа на „Работник“ од Лозово со 2:3 (1:2). „Жетварите“ денес покажаа за нијанса подобра игра од претходните натпревари, но која фајда од сето тоа кога нема класичен шпиц играч што ќе знае да ги реализира и оние прилики за гол што тешко се создаваат а одбраната е порозна како швајцарско сирење. Денес играчите на „Осогово“ покажаа дека малку им е подобрена физичката подготвеност, но остануваат грижите како ќе се снајде во борбата за бодови. По сето она што го видовме на подготовките „жолто-сините“ годинава ќе се борат да не испаднат од лигата. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари