Во организација на Федерацијата на Училиште Спор на Македонија од 18-20 овој месец во Вевчани се одржа „Државното првенство во футсал за основните училишта“.

На турнирот се најдоа шесте најдобри основни училишта од 480-те во државата кои беа поделени во две групи.

Едната група ја сочинуваа: ОУ „Никола Карев“ (Кочани), ОУ „Тошо Арсов“ (Штип) и ОУ „Аврам Писевски“ (Скопје) а другата: ОУ „Страшо Пинџур“ (Вевчани), ОУ „Димо Хаџи Димов“ (Скопје) и ОУ „Гоце Делчев“ (Демир Хисар).

Учениците од ОУ Никола Карев“ загубија од „Тошо Арсов“ 1:4 и од ОУ „Аврам Писевски“ 1:7 и како последни во групата денес одиграа натпревар во борба за 5-тото место против ОУ „Димо Хаџи Димов“ и истиот го загубија со 0:2.

Победник на првенството стана екипата на „Аврам Писевски“ која во финалето по доста голема борба го совлада домаќинот „Страшо Пинџур“ со 3:2.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари