На денешен ден пред пет години свечено беше пуштен во употреба дублет-системот на „Геотерма“ една од најголемите инвестиции во Општина Кочани.

Петгодишниот проект (2006-2011) кој чинеше 1.914.246 Евра беше финансиран од Агенцијата за Соработка за развој на Австрија, Владата на Република Македонија, Општината Кочани и КЈП „Водовод“.

По повод свеченото пуштање во употреба на дублет-системот на „Геотерма“ свое обраќање кон присутните имаа Филип Иванов Директор на Управата за заштита на животната средина и Амбасадорот  на Австрија во Република Македонија Алојз Краут.

Во своето обраќање Амбасадорот на Австрија Алојз Краут упати голема благодарност и до двајцата Градоначалници на Општина Кочани, Љубомир Јанев и Ратко Димитровски во чие време се изгради системот, како и до Директорите на КЈП „Водовод“, Љупчо Беличев и Љупчо Папазов, односно Директорот на „Геотерма“, Јордан Наунов.

Иако се очекуваше голем бенефит за општината од оваа инвестиција, дублет-системот на „Геотерма“ веќе две години не работи од причина што едната од пумпите е вон употреба.

С. Ивановски

P2180771

P2180798

P2180820

P2180892

P2180747

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари