Претседателот на СДСМ Зоран Заев беше во работна посета на Кочани. Посетата ја започна со мала симболика од „Паркот на револуцијата“ а потоа со членови и симпатизери на партијата се упати во Градскиот Трговски Центар каде имаше средба со граѓаните.

Денес сум во Кочани со цел да се видам со граѓаните на неформални средби, по парковите, по градските плоштади, во места каде што се движи нашиот народ за да пренесам информации од прва рака, очекувањата на опозицијата, но и да го слушнеме мислењето на граѓаните“ го започна своето обраќање пред медиумите Претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Оваа недела ја посветивме на младите и пред се разговараме со младите и перспективите за младите луѓе, денешниот ден ќе биде исполнет со теми за младински политики. Сепак сакам овде во Кочани да дадам свој коментар за најновите настани со одлуките на Уставниот суд на Република Македонија. Само да потсетам дека изборниот грабеж, поклопеното судство и партизираните институции беа главната причина за политичката криза во Македонија. Со одлуката на Уставниот суд Никола Груевски многу видливо и јасно ја призна вината на своите најблиски соработници за изборните измами. Одлуката на Уставниот суд се носи со намера да се заштити Никола Груевски и луѓето околу него за стоените изборни измами. Одлуката на Уставниот суд истовремено охрабрува нови изборни измами и нови изборни грабежи. Зарем некој мисли дека ова треба да дозволиме вака да остане? СДСМ и граѓаните нема да дозволат на ваков начин ниту да се штити изборен криминал ниту да се првенира нечија намера за повторен изборен грабеж. Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми“ заклучи Заев.

На крајот од посетата Заев се сретна со младите каде ги сослуша нивните проблеми со кои секојдневно се соочуваат.

С. Ивановски

DSCN5119

DSCN5173

DSCN5182

DSCN5283

DSCN5324

DSCN5358

DSCN5360

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари