Претставници од „Сојузот на извидници на Република Македонија“ денес присуствуваа во ОУ „Раде Кратовче“ каде во присуство на ученици од сите основни училишта во градот им ја презентираа платформата за формирање на „Општински извиднички клуб“.

Иницијативата за формирање на „Општински извиднички клуб“ или како што тие го нарекуваат одред е токму на луѓето од „Сојузот на извидници на Република Македонија“ а за таа цел во Кочани е формиран Иницијативен одбор во кој влегуваат по еден професор од секое основно училиште, чија задача подоцна ќе биде доколку се создадат услови за такво нешто да формираа Здружение на грашани „Општински извиднички клуб“.

Засега во Македонија се формирани 17 т.н. одреди, а Кочани е еден од поголемите градови во кој такво нешто уште нема формирано.

Ова е убава можност помладите генерации да се запознаат со природата, нејзините убавини како и начинот да опстојат во природни услови.

С. Ивановски

DSCN5392

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари