Во рамките на подготовките за пролетниот дел од првенството во Третата Фудбалска Лига – Исток денес во Радовиш домаќинот „Плачковица“ воедно и лидер на табелата со голема мака го совлада „Осогово“ со 3:2 (2:0).

Домаќините поведоа од пенал а набргу потоа го постигнаа и вториот гол па со резултат 2:0 се замина на одмор.

Во второто полувреме „жетварите“ го натиснаа домаќинот, создадоа неколку шанси за гол но успеаја само преку Натков да ја затресат мрежата на домаќините и да го намалат нивното водство. По постигнувањето на голото кочанчани постојано атакуваа кон голот на домаќините и кога се очекуваше израмнување на резултатот, играчите на „Плачковица“ по еден контра напад по трет пат ја затресоа мрежата на Лазаров.

До крајот „Осогово“ преку К.Јорданов успеа да го ублажи поразот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари