Поради учеството на Меѓународниот фудбалски турнир кој од 4 – 6 Март ќе се одржи во Крајова (Романија) екипата на ЖФК „Кочани“ една седмица порано го одигра натпреварот од 10-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Кочанчанки гостуваа во Битола каде домаќин им беше мошне добрата екипа на „Топ Гол“.

По доста возбудувања и пресврти во резултатот натпреварот заврши мирољубиво 3:3 (2:1). Екипата од Кочани прва дојде во водство со голот на Милеска, но домаќините до крајот на полувремето направија потполн пресврт и заминаа на одмор со гол предност (2:1).

Во вторите 45 минути „кочанчанки“ на двапати го израмнуваа резултатот преку Спировска (2:2) и А.Ѓорѓиева (3:3) па иако пред натпреварот важеа за фаворити се враќаат во Кочани со два бода помалку од планираните.

Со загубените два бода ЖФК „Кочани“ освојувањето на шампионската титула ја сведе на минимум.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари