Екипи на КЈП „Водовод“ од Кочани деновиве можат да се видат низ централното градско подрачје како ги закројуваат младите дрвца.

Како што сме информирани најпрвин се пристапи на закројување на крошните на младите дрвца кои биле засадени минатата година а потоа по некој ред ќе се оди и ќе се дотеруваат крошните и на останатите помлади дрвца.

Оваа акција вработените од комуналното претпријатие ја практикуваат во последните неколку години.

С. Ивановски

2

 

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари