Продолжува замената на дотраените или оштетени мермерни плочи што се наоѓаат на платото кај блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар.

Замената почна некаде кон крајот на годината и како тоа го дозволуваат временските услови тие продолжуваат.

Старите и оштетени мермерни плочи кои беа поставени пред повеќе од 35 години од разно разни причини беа испокршени и оштетени па при обилните врнежи од дожд водата претставуваше голем проблем за дуќаните кои се наоѓаат во најнискиот дел на зградата односно во т.н. тунел.

Станарите и сопствениците на дуќаните веќе подолг период беа револтирани од тоа што општината не презема мерки да се направи санацијата, па сега кога веќе е направена ќе видиме до кога ќе издржи или овие мермерни плочи и понатака ќе бидат мета на „ноќните скитници“.

С. Ивановски

DSCN5506

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари