Учениците на ОУ „Никола Карев“ од Кочани се годинешните победници на Општинските училишни натпревари кои ги организираше Сојузот на училишни спортови – Кочани.

Во првото коло „Никола Карев“ беше поуспешен од „Малина Попиванова“ 7:4, во 1/2 финалето од „Св. Кирил и Методиј“ 7:2 а во финалето го совладаа „Раде Кратовче“ 8:3.

На годинешните општински натпревари во ракомет учествуваа основните училишта од градот и околните села.

Екипата на ОУ „Никола Карев“ ќе ја преставува Општина Кочани на „Зонските натпревари“ кои на 8-ми Март ќе се одржат во Берово.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари