Кон крајот на месец Февруари во Хотел „Сириус“ во Струмица се одржа работилница „Вмрежување на општинските советници“ на која присуствуваа Претседателите на Советите на единиците на локалната самоуправа.

На работилница се дебатираше за можностите на реализација на Проектот на „Швајцарската агенција за развој и соработка“ „Зајакнување на општинските совети“ кој се спроведува од страна на УНДП во соработка со ЗФР.

Целта на овој проект е да се зголеми ефикасноста во извршување на надзорната (набљудување), застапувачката (репрезентативна) и законодавна функција на советите.

Визијата на проектот е да се создаде витална врска на отчетноста меѓу советниците и граѓаните која ќе води кон подобрување на локалната демократија и локалната самоуправа како целина. Компонентите кои се вклучени во визијата се: Вмрежување на општинските советници, Развој на капацитетите на општинските советници, Иновации за поефикасно и поефективно функционирање на општинските совети и Поддршката на општинските совети преку грантови.

Активностите за реализацијата на овој ќе продолжат до 10.03.2016 година кога за кога е превиден и Завршниот консултативен настан.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари