Дождот што денес го зафати Оризари на виделина ги изнесе маките на жителите чии улици со години се ветуваат дека ќе се направ а тие по врнежите повеќе личат на базени отколку на улици.

Приложените фотографии се направени на улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“ каде минувањето на возилата поради направеното мало езеро беше отежното а за минувачите тоа беше невозможна мисија.

„Додека е предизборието сите ветуваат дека улицата ќе се направи и дека ваквата слика нема да ја има. За жал откако ќе завршат изборите никој не се ни сеќава на она што го е ветил. Да живееш во 21 век на улица како оваа е навистина е за секоја осуда“ коментираа дел од жителите од улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари