Методи Митев, наш сограѓанин кој макотрпно собира финансиски средства за неговата операција која и те како му е потребна денес организираше забава и продажба во Градскиот Трговски Центар.

За музичкиот дел беа задолжени децата учесници на „Музички бранови“, групата на мажоретки и музички групи од Кочани, а за продажбата се погрижија млади волонтери кои во преполнетите кафулиња нудеа подароци за празникот 8-ми Март и имаа отворено неколку штандови.

Акцијата под мотото „Биди хуман, подај рака за Митев Методи“ наиде на добар одѕив кај посетителите во Градскиот Трговски Центар.

Собраните средства ќе се уплатат на сметката на Методи Митев, а сите оние кои не беа денес дел од забавата своите донации ќе можат да ги уплатат преку телефонските броеви: 070-143-104 и 077-143-778.

Кога државата не е заинтересирана да помогне, Митев со своите пријатели ќе мора да се снаоѓа сам како знае и умее.

Ајде да му помогнеме сите што можеме на Методи Митев.

С. Ивановски

DSCN5909DSCN5913

DSCN5915

DSCN5916

DSCN5921

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари