Новиот директор во ЦК „Бели Мугри“ во Кочани уште на почетокот на мандатот си го покажа вистинското лице, покажа како не треба да се раководи со една државна институција.

Имено, во Четвртокот во ЦК „Бели Мугри“ во Кочани по шести пат се организирала изложбата „Карпино“ изложба која благодарение на медиумите во Општината секогаш беше сервирана на гледачите и на читателите во општината и пошироко.

Ако така беше во изминатите пет години, годинава такво нешто не се случи.

Новиот директор во ЦК „Бели Мугри“ во Кочани од само нему познати причини за отворањето на изложбата поканил ни помалку, ни повеќе, туку само еден единствен медиум, Регионалната телевизија „Канал +“.

Ако е центарот за култура нешто приватно ајде можеме да го разбереме ваквото однесување, но ако знаеме сите за каква институција станува збор, ваквиот арогантен однос е за осуда.

Ја користиме приликата јавно да го запрашаме директорот „Како размислува во иднина да ја води оваа институција, со дискриминација на медиумите од општината или поинаку“?

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари