Во организација на „Министерството за внатрешни работи“ на Република Македонија во соработка со „Институтот за транфузиона медицина“ и „Црвен Крст“ на Македонија, денес во просториите на Полициската станица во Кочани се реализираше првата годинешна акција за дарување на најскапоцената течност.

Од вкупно пријавените 35 дарители на крв , 24 полицајци и вработени во Полициска станица – Кочани ја даруваа најскапоцената течност.

Според утврдениот план, до крајот на оваа година ќе бидат спроведени уште две вакви акции, едната во месец Јуни, а другата во месец Ноември.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари