Девојчињата на ЖФК „Кочани“ во конкуренција на четири екипи се пласираа на последното место на Меѓународниот фудбалски турнир кој од 4 до 6 Март во организација на „Реал Крајова“ се одржа во Крајова (Романија).

Во полуфиналето „Машинац“ (Ниш) го совлада „Кочани“ со 7:2, а додека домаќинот „Реал Крајова“ беше поуспешен од „Олимпија“ (Софија) совладувајќи ја со 4:2.

Во борба за 3-тото место „Кочани“ и „Олимпија“ одиграа 3:3 а Бугарките беа поуспешни од ударите од белата точка и победија со 4:3.

Во финалниот натпревар нишлијки ја покажаа својата големина, го совладаа домаќинот со 8:0 со што и станаа победници на турнирот.

С. Ивановски

P3550705

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари