Одрони на патот беа причината да биде затворен патниот правец Кочани-Делчево.

Дождот што го зафати овој регион е причината да се појават поголеми одрони на земја и големи карпи помеѓу селата Истибања и Калиманци кои го блокираа патниот правец Кочани-Делчево.

Екипи на „Македонија пат“ работат на отстранување на паднатата земја и карпи за да може сообраќајот да продолжи во двата правци.

И минатата година на оваа делница беа забележани одрони кои внесуваа страв кај учесниците во сообраќајот.

Од Владата на Република Македонија се најавува реконструкција на овој патен правец, но истовремено ќе треба да се постават и заштитни мрежи кои ќе спречуваат одрони и нема да внесуваат несигурност и нервоза кај учесниците во сообраќајот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари