Денес околу 12:00 часот на паркинг просторот пред продавницата за бели печива „Балкан Лукс“ во Градскиот Трговски Центар се случи сообраќајна незгода која за среќа помина со материјална штета.

Од засега неразјаснети причини Патничко моторно возило „Пикап“ се „залепило“ во паркирано Патничко моторно возило.

Според очевидци „Пикапот“ се движел со мала брзина кога поради влажниот коловоз наеднаш скршнал на лево и се „залепил“ во паркираното моторно возило.

Среќа е што „Пикапот“ се движел според временските услови па не дошло до поголемо оштетување на паркираното возило.

С. Ивановски

DSCN5936

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари