Како што информира Николчо Гоцев – директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани, иако поради зголемениот водотек на реките се зголеми и нивото на акумулирана вода во езерата „Гратче“ и „Калиманци“ сепак состојбата засега се оценува како стабилна.

Во езерото „Гратче“ досега се акумулирани 2.181.500 м³ вода и освен што прелева преку круната се испушта и од сигурносниот вентил. Во „Калиманци“ досега со првиот ударен бран се акумулирани 114.922.400 м³.

За да не се повторат поплавите со излевање на реките, вечерва се одржа состанок на „Кризниот штаб“ на регионот на кој беше договорено уште утре (Сабота) со механизација да се започне да се средуваат критичните места (Прибачево, Грдовци, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Облешево, Чешиново, Чифлик) а доколку се остварат прогнозите на метеоролозите и во наредните 48 часа заврнат 50 литри на м³ тогаш ќе се ангажира и војската а ќе бидат донесени вреќи со песок и флаширана вода за населението.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари