Како што информираат од Општина Кочани поради обилните врнежи од дожд и високото ниво на вода во „Кочанска Река“, локалниот пат Долни Подлог-Облешево е во прекин.

Патот е затворен за сообраќај за сите видови товарни моторни возила на потегот на влезот во оранжерискиот комплекс „Зелена куќа“ до влезот на селото Облешево.

Неисчистеното речно корито и надојдената „Кочанска Река“ во близината на село Долни Подлог довело до покачување на нивото на подземните води и доведување во опасност на земјоделските површини и оранжериите што се наоѓаат во непосредна близина.

За да не дојде до штета на земјоделските површини и оранжериите било неопходно да се прокопа локалниот патен правец кон селото Облешево со што се овозможило истекување на вишокот на вода и намалување на зголемениот водостој до кој доаѓаше поради повисокото ниво на реката од овој дел на теренот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари