Во недела продолжуваат натпреварите во Првата Пингпонгарска лига. На програмата се натпреварите од 8-то коло (прво пролетно) во Кое екипата на „Кочани“ му гостува на „Дебар Маало“ во Скопје.

Во првото коло од годинешното првенство „Кочани“ убедливо го совлада „Дебар Маало“ како домаќин со максимален резултат 5:0.

На другите натпревари се среќаваат:

„Куманово“ – „Ѓорче Петров“

„Младост 96“ – „Мултитекс“

„Студент“ – „Пошта 2“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари