Кочани беше домаќин на првиот турнир од Пионерската Ракометна Лига – Исток. Во салата „Никола Карев“ пред неколку стотина гледачи се играа натпреварите за момчиња и девојчиња.

За љубителите на ракометот во Кочани посебен интерес предизвика пионерската екипа на „Младинец“ од Кочани која го имаше првиот настап во борбата за бодови.

Оние што дојдоа не зажалија, гледаа интересни ракометни натпревари а посебен возбудлив и интересен беше натпреварот кај момчињата „Младинец“ (Кочани) – „Астра Спорт“ (Македонска Каменица) кој заврши 9:9 но во кој домаќините по неискористениот седмерец во последната минута мораше да се задоволат и со освоениот бод. Во вториот натпревар кај момчињата „Торо Спорт“ (Виница) беше многу подобар од екипата на „Брегалница“ (делчево и оствари сигурна победа 15:7.

Во двата натпревари кај девојчињата победниците беа одлучени уште на полувремето. „Кочо Рацин“ (Кратово) го совлада „Торо Спорт“ (Виница) 7:2, а „Астра Спорт“ (Македонска Каменица) беше подобра од „Брегалница“ (Делчево) и оствари победа 13:5.

Натпреварите кај пионерите се играат турнирски со што секој град од учесниците ќе биде организатор на турнирот, со што би се намалиле трошоците на екипите, а играчите ќе имаат шанса повеќе да се дружат.

С. Ивановски

2

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари