Дождот што во петокот навечер заврна ги покажа сите аномалии на ново асфалтираните улици во централното градско подрачје. Сообраќајот се одвиваше отежнато бидејќи возачите се грижеа и за својата безбедност и за безбедноста на минувачите. Особено големите езера на вода беа забележани кај кружниот тек на улиците „Кеј на Револуцијата“, „Тодосија Паунов“ и „Стево Теодосиевски“, како и кај „Шопинг Центарот“. Посебно загрижува состојбата кај кружниот тек бидејќи пред извесно време овде беше поставен асфалт, но без да се направат одводи. Парите се потрошени, а новите поправки ќе донесат уште поголеми задолжувања кои ќе паднат на товар на граѓаните на општината. Кој ќе ја преземе одговорноста за целата оваа лакрдија ќе мора одговорот да се побара кај надлежните служби. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари