Започнаа натпреварите во Третата Фудбалска Лига – Исток. Во првото пролетно коло „Осогово“ гостуваше во Свети Николе кај традиционално незгодниот противник „Овче Поле“. Уште пред почетокот се создаде тензична атмосфера по што натпреварот започна со еден час задоцнување. Имено „Овче Поле“ кое преку целата сезона настапуваше во зелено-потокалови дресови денес како за инает на гостите истрчаа во жолти, во иста боја како и екипата на „Осогово“.  Бидејќи според пропозициите гостите се тие што треба да имаа уште еден пар дресови, а како што кочанчани дојдоа само со жолти, побараа од домаќините резервен комплет, што овие категорички го одбија барањето. Ниту маркери не им понудија па од Кочани беше порачана да се испрати друга гарнитура дресови. Поради оваа натегање натпреварот во консултации со судиите и делегатот доцнеше.

Ваквиот некоректен потег на „Овче Поле“ како да ги стимулира уште повеќе играчите на тренерот Зоранчо Филипов. Иако ослабени поради не играњето на Аксентиев и Бојажиев „жетварите“ заиграа на победа, но уште во 3’ домаќините преку Трендафилов го открија резултатот. Раното примениот гол не ги збуни „жолто-сините“, напротив заиграа уште подобро и со двата гола на Тоше Манов ( 20’33’) направија пресврт во резултатот со што се замина на одмор.

И во вториот дел „Осогово“ играше храбро и мошне добро но во 63’ мошне авторитетниот судија Марјан Гоцевски досуди слободен удар за домаќините. Ударот го изведе Костов, Лазаров тргна да го брани ударот но за негова несреќа топката од живиот ѕид се одби, го смени правецот и заврши во мрежата за конечни 2:2. До крајот и двете екипи повеќе мислеа на сопствениот отколку на противничкиот гол.

Резултати од 12-тото коло:

„Овче Поле“ – „Осогово“  2:2

„Работник“ – „Слога 1934“  2:1

„Беласица“ – „Каменица Саса“  4:0

„Брегалница Голак“ – „Карбинци“  6:0

„Напредок Здравје“ – „Плачковица“  1:2

„Академија Пандев“ – „Баби“  5:1

На табелата води „Плачковица“ со 34 бода, пред „Академија Пандев“ со 32, „Беласица“ 26, „Овче Поле“ 24, „Брегалница Голак“ 21, „Работник“ 19, „Напредок Здравје“ и „Осогово“ по 14, „Баби“ 10, „Слога 1934“ 6, „Каменица Саса“ и „Карбинци“ 3.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари