Во рок од само пет дена Тиана Јовиќ со својата флејта стигна до две големи Меѓународни признанија.

Најпрвин на 07.Март таа учествуваше на Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград каде со својата изведба ги воодушеви и жири комисијата и публиката. За маестралната изведба Тиана беше наградена со посебна Пофалница.

Пет дена подоцна на Меѓународниот натпревар „Фемус“ кој традиционално се одржува повеќе години во Суботица Тиана имаше уште еден блескав настап кој не ги остави рамнодушни ниту публиката ниту жири комисијата па на крајот сосема заслужено го освои Првото место.

И овде таа не застанува, продолжува да работи со уште поголемо темпо бидејќи како што истакна сака да постигне многу со инструментот во кој е вљубена, флејтата.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари