Се одиграа три од закажаните четири натпревари од 8-то коло во Првата Пингпонгарска лига.

Екипата на „Кочани“ со максимални 5:0 славеше на гостувањето во Скопје против екипата на „Дебар Маало“, а со ист резултат победи и лидерот на табелата „Ѓорче Петров“ на гостувањето во „Куманово“ кај истоимениот клуб.

Третата победа како гости во ова коло ја остварија пингпонгарите на „Студент“. Тие го совладаа домаќинот „Пошта 2“ со 5:1.

Натпреварот „Младост 96“ – „Мултитекс“ е одложен.

По осум одиграни кола на табелата води „Ѓорче Петров“ со 16 бода, пред „Мултитекс“ со 12 (-1), „Кочани“ 10, „Младост 96“ 10 (-1), „Студент“ 6, „Пошта 2“ 4, „Куманово“ и „Дебар Маало“ по 2 освоени бода.

Во следното 9-то коло, „Кочани“ го пречекува лидерот на табелата „Ѓорче Петров“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари