Само што во изминатиот период ја пофаливме Општина Кочани дека презеде мерки да се санираат и заменат со нови искршените мермерни плочи во Градскиот Трговски Центар, кога деновиве бевме сведоци на една грда слика која сега повеќе грозно го прави платото, отколку пред да започне санацијата.

Имено сопствениците на дуќаните се пожалија дека по секој преземен зафат за санација на платото се оставаат купишта на смет и шут кој не делува баш импресивно кај минувачите.

Кој треба сега да го отстрани сметот е прашањето кое сите си го поставуваат.

Некој треба, но навистина КОЈ?

С. Ивановски

DSCN6030

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари