Стојан Рашков како член на младинската организација SWTA учествуваше во  проектот „Social concept of love : Youth against terror(ism)“. Проектот се одржа во периодот  од 01.03 до 09.03.2016та година во Славонски Брод (Хрватска) во организација на младинската организација „ЕНАС“ финансиран од Европската комисија а одобрен од страна на Агенцијата за мобилност и програми на ЕУ.

40 Млади од Македонија, Грција, Турција, Унгарија, Полска и Хрватска учествуваа на интеркултурни работилници и предавања а во склоп на проектот беше остварена и средба со градоначалникот на Славонски Брод во просториите на општинската зграда.

Идејата на проектот е да се вклучат младите во борба против сите видови облици на екстремизам и ширење радикализам и како да се создаде општстевена солидарност темелена на вредностите на демократијата.

Повеќе проблеми се разработени : човечки права, мигрантската криза, борба против тероризам и дефинирање на концептот на социјална љубов и одговорност.

Стојан Рашков изјави дека проектот бил одлична можност да се научи многу и да се изградат контакти со многу млади интелектуалци од Европа. Како млада личност со општествена одговорност ќе го пренесе своето знаење и импресии на локално ниво со цел за отпочнување на процесот на градење на младински политики на локално ниво.

С.Ивановски

2

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари