Од 06 до 08 Мај во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, населбата покрај Масалница ќе биде домаќин на III Меѓународен Фолклорен Фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“.

Со сигурност се знае дека на фестивалот ќе учествуваат фолклорни ансамбли од Кочани, како и од другите градови од Источниот регион, фолклорни ансамбли од Србија, Словенија и Бугарија.

Поканите веќе се испратени од стана на организаторот а потврдите за нивното учество треба да пристигнат најдоцна до 10 Април.

Манифестацијата е финансирана од „Министерството за култура на Република Македонија“, Општина Кочани, како и од страна на бизнисмени од Кочани и Оризари.

С. Ивановски

17

19

20

22

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари