ВО ЧИЈА НАДЛЕЖНОСТ Е КАБЕЛОТ?

август 10, 2022
0 минути

Подолго време во еден од најфреквентните места во градот стои речиси паднат кабел кој особено во ноќните часови е проблем за минувачите.

Иако надлежните се информирани сепак никој уште не дошол и местото не го направил безбедно.

Од сопствениците на дуќаните дознаваме дека тие неколкупати досега се обиделе да го подигнат за да не смета никому, но младите како млади секогаш со намера или не, го повлекуваат.

Кабелот кој по се изгледа е од некоја од поранешните кабелски телевизии е проблем бидејќи некој од минувачите кој е со поголема висина во ноќните часови може да се повреди.

Шегата на страна, но сепак ова е проблем кој мора да се отстрани.

С. Ивановски