Вечерва во просториите на ОО на НСДП во Кочани се одржа „Регионална средба“ на која присуствуваа претседателите и претставниците од општините во Изборната единица 3.

На средбата присуствуваше и Горан Мисовски, Шеф на Изборниот Штаб на НСДП и Координатор во Изборната единица 3.

Како што истакна Мисовски целта на оваа средба е да види и да слушне од присутните за тоа во каква кондиција моментно се наоѓа партијата во пресрет на Предвремените Парламентарни избори.

На средбата беа отворени голем број на актуелни теми кои се однесуваат на партијата и на државата.

С. Ивановски

DSCN6389

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари