Неполна година од потпишувањето на Договорот за партнерство и соработка, денес и официјално започна соработката помеѓу средните општински училишта „Љупчо Сантов“ од Кочани и „Неготино“ од општина Врапчиште.

Денес во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани беше организирана интерактивна работилница на тема „Стереотипи и предрасуди“, во која учествуваа наставници и ученици од двете средни училишта. Токму заедничкото учество на работилницата отвора можност за продлабочување на соработката меѓу двете училишта, а со тоа и меѓу двете општини.

Денешното дружење заврши со спортски натпревари помеѓу двете училишта.

Следната средба за продолжение на соработката е закажана за 31.Март кога домаќин на средношколците од „Љупчо Сантов“ ќе им биде СОУ „Неготино“ од Врапчиште.

С. Ивановски

P3730194

P3730256

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари