Во рамките на 12-тото коло од Првата Фудбалска Лига за жени, денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, пред триесетина гледачи „Кочани“ со головите на Спировска (5), Чубриноска и Милеска по 1, без поголеми проблеми ја совлада екипата на „Борец“ со 7:0 (3:0).

Сепак се чини дека вест на денот за љубителите на женскиот фудбал во Кочани е повлекувањето на „Младост Иднина С“ од понатамошното натпреварување во првенството.

P3610502

Имено, како што дознаваме екипата не можела да состави единаесет играчи за натпреварот против „Конзули Јунајтед“ во Битола, па согласно постигнатиот договор на одговорните луѓе во клубот доцна синоќа (Петок) донесена е одлука да се прекинат понатамошните  настапи во првенството.

Согласно донесената одлука, денес е испратено писмо до ФФМ во кое стои дека „Младост Иднина С“ нема да настапува повеќе во Првата Фудбалска Лига за жени.

Ваквото сценарио можеше да се претпостави уште минатото коло кога оризарки не можеа да соберат доволен број на играчи на натпреварот против „Драгон“ кој требаше да го играат како домаќини.

P1180077

Но за распаѓањето на клуб со десет годишна традиција во некоја наредна прилика.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари