Без поголеми проблеми и речиси со половина сили „Осогово“ го совлада последнопласираниот тим на табелата „Карбинци“ со резултат 7:1 (4:0). Гостите само петнаесетина минути успеваа да се одбранат, но тогаш „жетварите“ од 15 до 30 минута постигнаа четири погодока што значеше дека гостите со полна мрежа ќе си заминат дома.

Домаќините го открија резултатот во 14’ преку Манов кој стрелаше прецизно откако беше убаво проигруван. Две минути подоцна веќе беше 2:0 за домаќините по оправдано досудениот пенал кој Аксентиев сигурно го претвори во гол. Во 23“ гостинскиот голман Митков киксираше а Манов по втор пат се запиша во листата на стрелците. Се играше 30’ кога Митков непотребно излезе од својот гол, Паунов асистираше до осамениот Стојков кој биеше во празната мрежа.

DSCN6502

Во 50’ гостите намалија по една груба грешка на домашната одбрана. Максимов ја врати топката до Здравков кој киксираше, Анаќиев го претрча а кога имаше слободен простор пред себе го измами и голманот Лазаров и биеше мошне смирено во мрежата. Но само минута подоцна домаќините по петти пат ја затресоа мрежата на „Карбинци“ а стрелец беше Стојков. Во 70“ Ѓеоргиев биеше млако но Митков ја испушти топката која по шести пад се најде зад неговиот грб. Конечниот резултат го постави Тасов во 88’ кога по добро нафрлената топка биеше со глава во незаштитениот дел од мрежата.

DSCN6556

Се на се, натпревар на кој иако беа постигнати осум голови брзо ќе се заборави.

Комплетни резултати од 13-тото коло:

„Осогово“ – „Карбинци“  7:1

„Слога 1934“ – „Овче Поле“  2:2

„Каменица Саса“ – „Академија Пандев“  2:4

„Беласица“ – „Брегалница Голак“  1:0

„Плачковица“ – „Работник“  2:0

„Баби“ – „Напредок Здравје“  1:3

DSCN6656

На табелата води „Плачовица“ со 37 бода, пред „Академија Пандев“ 35, „Беласица“ 29, „Овче Поле“ 25, „Брегалница Голак“ 21, „Работник“ 19, „Осогово“ и „Напредок Здравје“ по 17, „Баби“ 10, „Слога 1934“ 7, „Каменица Саса“ и „Карбинци“ по 3.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари