Прилеп беше домаќин на „Државното изборно првенство во борење за кадети“ на кое зедоа учество 49 борачи од 9 клубови во државата (7-ми Мај, Неготино, Лирија, Тефејуз, Бучим, Студеничани, Вардар, Скопје и Спартак).

Екипата на „Спартак“ настапи со двајца борачи кои на крајот дојдоа до второ и трето место.

Столе Ефтимов настапи во категоријата до 69 килограми и со две победи и еден пораз го освои третото место, додека Петар Костов настапи во категоријата до 76 килограми и со две победи и пораз во финалето стигна до сребрениот медал.

3

„Задоволен сум од она што го прикажаа нашите борачи, иако сметам дека доколку беа поконцентрирани во завршницата на борбите ќе можеа да се искачат едно скалило погоре. Столе Ефтимов имаше мошне добра трета борба, водеше со 2:1 но на две секунди пред крајот на борбата излезе од забранетата зона за што судиите на противникот му дадоа еден поен што се покажа кобно за нашиот борач. Но секоја победа, а и пораз се искуство повеќе за овие млади борачи. Лично се надевам дека доколку продолжат да работат и резултатите ќе си дојдат самите по себе“ ни рече Александар Павлев, тренерот на БК „Спартак“ од Кочани.

С. Ивановски

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари