Премиерот на Република Македонија Емил Димитриев денес го посети Кочани каде со своите домаќини присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на улиците „Февруарски поход“ и „13 Македонска бригада“, улици кои се дел од проектот „Асфалтирање на 10 улици во Кочани“ за кои Општина Кочани потроши околу 1.000.000 евра, средства кои ги обезбеди преку Светска банка.

DSCN6686

 

Најпрвин пред присутните зборуваше Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски, кој го потенцираше значењето од асфалтирањето на улиците во Кочани и Оризари.

DSCN6709

Премиерот Димитриев пак, ги истакна реализираните проекти во општината, но и дека Владата на Република Македонија ќе продолжи да финансира инфраструктурни објекти од кои најголем бенифит ќе има населението.

DSCN6723

Во своето обраќање тој го истакна проектот за одвојување на атмосферската од фекалната канализација кој е еден од предусловите за она што следува, а тоа е изградбата на колектор и пречистителна станица во Кочани, ја најави изградбата на експресниот пат Кочани – Штип и рехабилитацијата на патот Кочани – Делчево. Ја најави изградбата на браната „Речани“ која ќе биде од големо значење за водоснабдување на општините Кочани и Виница како и на целиот овој регион. Ги потсети присутните и за вложувањата во здравството, односно набавката на дигитален мамограф и биохемиски анализатор како и за странските вложувања со изградбата на „Амфенол“ и „Антура“.

Посетата на Кочани ја заврши со средба со младите во Градскиот Трговски Центар, а потоа замина на средба и со жителите на населбата Оризари.

С. Ивановски

DSCN6798

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари