Како што сме информирани, вечерва во Кочани околу педесетина патници останаа на автобуската станица поради дефект на автобусот кој требал да ги транспортира до Скопје.

Имено автобусот кој тргнал од Владимирово, па преку Берово, Пехчево, Виница, Кочани, Штип, Велес со крајна дестинација Скопје се расипал токму на автобуската станица во Кочани. Сега во 21:00 часот тој уште се наоѓа на станицата а требало да тргне во 18:45 часот. Бидејќи на самото место се врши поправка на автобусот, патниците како што сме информирани поради својата безбедност се плашат да се качат во него (доколку се поправи) и да тргнат за Скопје.

Додека траела поправката на автобусот дел од патниците ја информирале и полицијата и побарале од истата да се направи технички преглед на автобусот пред тој да тргне, но од полицијата добиле одговор дека тие ја немаат таа можност.

Сега додека го пишуваме текстот патниците уште се наоѓаат на автобуската станица, но со голема доза на страв да доколку се поправи автобусот како со така непроверен и можеби неисправен ќе патуваат до Скопје.

С. Ивановски

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари