Се одиграа натпреварите од 9-тото коло во Првата пингпонгарска лига. „Кочани“ му беше домаќин на лидерот на табелата „Ѓорче Петров“ и потајно се надеваше дека ќе му го нанесат првиот пораз во сезоната. Но, пингпонгарите на „Ѓорче Петров“ беа преголем залак за амбициозните домаќини па на крајот ја забележаа и деветтата победа во низа.

Комплетни резултати од 9-тото коло:

„Кочани“ – „Ѓорче Петров“  2:5

„Студент“ – „Дебар Маало“  5:2

„Пошта 2“ – „Младост ’96“  1:5

„Мултитекс“ – „Куманово“  5:1

На табелата води екипата на „Ѓорче Петров“ со 18 бода, пред „Младост ’96“ и „Мултитекс“ со по 14, „Кочани“ 10, „Студент“ 8, „Пошта 2“ 4, „Куманово“ и „Дебар Маало“ со по 2 освоени бода.

Во следното 10-то коло кое на програмата е на 03.Април, „Кочани“ ќе му биде домаќин на уште еден кандидат за највисок пласман, „Мултитекс“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари