Градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски одржа прес конференција со која ја информираше јавноста дека Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ – Кочани во изминатиот период ги реновирале и освежиле детските и повеќенаменските игралишта во градот и околните места.

4

Во изминатиот период вработени од општината извршиле обиколка на дваесетте игралишта каде констатирале оштетувања. Во мошне краток временски период тие ги освежиле со ново бојадисување а оштетените делови ги санирале. Останува недовршено санирањето на игралиштата кај АСНОМ и во Бавчалукот бидејќи нивните оштетувања се од поголеми размери.

2

На прес конференцијата Димитровски рече дека за овој проект потрошени се околу 500.000,00 денари, средства кои се и многу, и не, но кои можеле да се искористат во друга намена.

3

За таа цел тој ги повика повозрасните граѓани домаќински да се однесуваат кон овие игралиште бидејќи истите ги користат и децата и младата популација.

Оштетувањето на игралиштата особено се случува во вечерните часови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари