Како што не информираше Раководителот на Претпријатието за Водостопанство – Подружница „Брегалница“ од Кочани Никола Гоцев во тек е потпишувањео на договори со земјоделците – водокорисници од Хидросистемот „Брегалница“.

Договорите се склучуваат за сезоната 2016 со сите оние водокорисници кои имаат потреба од вода за нивните полиња.

Целта на овие договори како што истакна Гоцев е да се види реалната слика од потребите за користење на вода за да може истата навремено да се испорача до крајните корисници.

Против сите оние кои нема да склучат договори а ќе имаат потреба од користење на водата ќе бидат поведени прекршочни постапки согласно одредбите од Законот за водостопанство.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари