Како што дознаваме ФК „Брегалница“ од Штип си поигра со повредениот но надежен играч Стефан Мишев.

Мишев се здоби со повреда уште во 3-тата минута на натпреварот од 20-тото коло „Брегалница“ – „Шкендија“ што се одигра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. Во кобната минута младиот фудбалер на штипските „сини“ незгодно згазна и со голем крик падна на теренот. На сите на стадионот веднаш им стана јасно дека повредата не е од наивна природа. Мишев на носила беше изнесен од теренот а потоа итно беше префрлен во Клиничкиот центар во Штип каде му е констатирана повреда на десното колено.

P3920318

По направената магнетна резонанса повредата на Мишев беше потврдена, оштетување на лигаментите на десната нога што бараше хируршка интервенција која подоцна и беше направена.

И наместо на младиот играч клубот да му ги покрие трошоците бидејќи се повреди додека ги бранеше боите на „Брегалница“ од клубот останале неми на барањето тие да ја платат операцијата.

Таткото на Мишев е приморан сега да се снаоѓа како знае и умее за да ги плати операционите и постоперационите трошоци во висина од околу 2.500 Евра.

Со ова штипскиот прволигаш се покажа како несериозен клуб, повеќе ова е одлика на маалски екипи кои играат рекреативен фудбал отколку на клуб од Првата лига кој важи за еден од добро ситуираните во државата и тоа од средства обезбедени од Буџетот на Општина Штип кој го полнат граѓаните.

Дали нехуманиот однос на штипските „сини“ кон нивниот играч кој за повеќе од десет години ги помина сите селекции ќе биде причина по рехабилитацијата Мишев да си побара нова средина ќе почекаме, но факт е дека ваквите клубови не заслужуваат во нивните редови да настапуваат играчи кои можат многу да му дадат на фудбалот.

Ако е и од „Брегалница“, многу е.

С. Ивановски

P3920321

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари