Во рамките на 13-тото коло од Првата Фудбалска Лига за жени, по две победи за гостинските и домашните екипи.

Екипата на „Кочани“ со головите на Спировска (4’;24’,62’) Петровиќ (6’) Чубриноска (54’) и Митревска (70’) без поголеми проблеми како гостин го совлада „Истатов 2015“ со 6:1 (3:0).

Победа од 0:1 како гости забележа и екипата на „Ас Јунајтед“ во Велес а „Тиверија“ како домаќин со убедливи 4:1 славеше над „Конзули Јунајтед“. Лидерот на табелата „Драгон 2014“ иако се мачеше со „Топ Гол“ сепак на крајот успеа да победи со 2:1.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари